Извидниците од „Башкими“ ја бојкотираа средбата од проектот Агора поради непочитување на двојазичноста

Од:

Извидничкото друштво „Башкими“ од Кичево ја бојкотираше обуката на проектот Агора, зашто, како што рече лидерот на групата, Весел Јонузи, организаторите не ја почитувале двојазичноста, ниту во поканата со која групата беше повикана да присуствува, ниту во плакатите. Во Кичево, проектот беше организиран од извидничкото друштво „Мирко Милески“, без соработка со “Башкими”, кои тврдат дека не биле третирани како домаќини.

„Ние сакаме да ги опоменеме нашите колеги дека во овој проект сите треба да имаме еднакви права и да се почитува сечиј мајчин јазик. Го изразувам своето незадоволство и незадоволството на групата што ја претставувам поради непочитувањето на нашиот јазик и чекам позитивен одговор од организаторите дека нешто вакво во иднина нема да се повтори“ – рече лидерот на групата на извидници „Башкими“ од Кичево.

Групата „Башкими“ е партнер во проектот Агора, кој е поддржам од Фондацијата Отворено општество – Македонија и УСАИД, со центар во Женева, во соработка со други центри во целиот свет, како и во Скопје. Овој проект има цел преку различни активности и соработка на извидничките друштва, да ги надмине разликите меѓу нациите, расите и религиите.

„Башкими“ е дел од проектот Агора веќе една година. Досега има околу триесет членови, а нивните активности се познати во Кичево, во други градови на Македонија, а вклучен е дури и во некои проекти во Швајцарија. Имаат успешна соработка и со групи извидници од Албанија и Косово.