На веб-страницата на Собранието на Република Македонија од денеска е прикачен нов банер со хронолошки приказ на постапката и околностите за донесување на Буџетот на Република Македонија за 2013 година.
Како што соопшти собраниската прес-служба, тој е изготвен од стручната служба на Собранието на Република Македонија, согласно заклучокот на координацијата на претседателот на Собранието со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи во Собранието на Република Македонија.