Шарец: Додека се бориме со коронавирусот партијата на Јанша ме тужи

Од:

Словенечката демократска партија (СДС) на Јанез Јанша поднесе тужба против премиерот во оставка Марјан Шарец, поради наводна клевета.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, Шарец ја објави тужбата со која поради изјава, СДС од него бараат оштета од 10.500 евра.

– Додека најголем дел до нас се занимава со тоа како да се заштити државата од коронавирусот, други тужат. Синоќа ме пречека тужба, напиша Шарец на социјалните мрежи.

Од партијата на Јанша уште пред еден месец се заканија дека ќе го тужат Шарец, доколку тој јавно не се извини за изјавата во која вели дека било сосема јасно дека медиумите блиски до СДС и Јанша се финансираат со унгарски пари.

Шарец одби да се извини, велејќи дека апсолутно е уверен во тоа што го зборува и не чувствува никаква потреба на бил кој да се извинува.

По информациите во јавноста за ваквиот начин на финансирање истражните органи на Словенија започна истрага.