ВИДЕО: Нил Барнард, докторот кој ја покрена „револуцијата“ за здрава исхрана во Америка

Од:

Д-р Нил Барнард водеше бројни истражувачки студии кои ги испитуваат ефектите на диетата врз дијабетисот, телесната тежина и хроничните заболувања.

Тој во својата научна студија целосно се посвети на дијабетисот тип 2.

Студијата беше финансирана од Националниот институт за здравство.

Докторот е автор на повеќе од 90 научни публикации и 20 книги наменети за сите читатели.

Тој е главен уредник на „Водичот за исхрана на медицински лица“, наставно помагало за сите студенти по медицина во САД.

Како претседател на Комитетот за лекари, д-р Барнард води програми кои се залагаат за превентивна медицина, добра исхрана и повисоки етички стандарди во истражувањето.

Неговата посветена работа и истражувачки процес придонесе за прифаќање на диети засновани на растенија ширум Америка.

Во 2015 година, е прогласен за соработник на Американскиот факултет за кардиологија.

Во 2016 година, докторот го основаше Медицинскиот центар Барнард во главниот град Вашингтон како модел за создавање на правила за здрава исхрана, што за Барнард е основа за медицинската нега на човекот.

Две години подоцна, тој ја доби наградата Медицинско друштво во Дистиктот (округ) Колумбија.

Неговата цел е луѓето правилно да се хранат, бидејќи како што смета тој „храната е најголем лек за човекот“.

Д-р Нил Барнард инспирира илјадници луѓе не само во САД, туку и во светот.

Неговите настапи предизвикуваат изненаденост во јавноста поради неговите научни откритија.

Во моментот тој прави напори во основните и средни училишта во САД да се воведе свежа храна (зеленчук и овошје) и во училишното мени да не бидат вклучени месните и млечните производи.