Коалицијата Сојуз за иднината, според последните информации од штабот на СДСМ, сигурно влегува во вториот круг во Кочани, Берово, Богданци, Јегуновце, Дебарца, Делчево, Куманово, Велес и Карбинци.
Во Струмица, наспроти тврдењето на политичкиот противник, како што нагласи на прес-конференцијата Гордан Георгиев, СДСМ победува во прв круг, а во Центар очекуваат да победат во првиот круг, како и во Ранковци.
– Во Битола, каде што ВМРО-ДПМНЕ објави победа во прв круг, во моментов се случува вистинска драма во Општинската изборна комисија. Очекуваме преку правни средства да одиме во втор круг во Битола. Таму имаше многу нерегуларности, но не само во Битола, туку низ цела Македонија. Ние се надеваме дека правната држава ќе профункционира и на тие места каде што ќе обжалиме ќе успееме да излеземе во втор круг, рече Георгиев.
Според него, во Аналитичкиот центар на СДСМ немаат информации за Струга и за Кичево, како и за градот Скопје.