Албанска партија протестирала на граничен премин против гласачите од Пустец

Од:

Албанска партија од Македонија протестира на граничен премин со Република Албанија, пренесе Скај.

Според информациите на Скај, спречени се околу десет нови автобуси со жители на Албанија да пристигнат во Преспа и со помош на фалсификувани лични документи да гласаат за политичката опција, кои им се делеле од државата во гимназијата во Ресен.

До овој момент повеќе од 1.000 жители на Албанија гласале во Преспа, без никаков проблем. Ресен е преплавен со возила од Р. Албанија.

Гласачи од Р. Албанија јавно обзнаниле, како што велат граѓани, им било доделено и земјиште покрај Преспанското езеро, а на сметка на тоа ќе се разрушат повеќе хотели.