Во тешка сообраќајна несреќа што денеска околу 13 часот и 15 минути се случила на влезот од тетовското село Џепчиште повредено е 10 годишно дете.
Како што информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски на малолетникот Ќ.К. од Џепчиште налетало патничко моторно возило „Мицубиши“ со тетовски регистарски ознаки што го управувал С.С.(51) од истото село при што детето се здобило со тешки телесни повреди. Веднаш со истото возило што го удрило детето било пренесено во тетовската клиничка болница од каде по укажаната помош како итен случај било упатено на клиниките во Скопје.
Полицијата заедно со истражен судија и јавен обвинител извршила увид на самото место.
Според Јосифовски ова е втора сообраќајна несреќа во тетовско-гостиварскиот регион во која е повредено дете за само два дена откако вчера околу 16 часот на улицата „Иво Рибар Лола“ во Гостивар автомобил „Мерцедес“ со гостиварска регистрација управуван од Ф.Ј.(30) од селото Лакавица удрил и му ги скршил двете потколеници на 9 годишно дете кое по укажаната помош во гостиварската болница било префрлено на скопските клиники.