Одбиени се барањата на авиокомпаниите „Ер Букурешт“ и „Ентер ер“ за реализирање чартер летови за утре и задутре на релацијата Базел – Охрид заради неисполнување на европските процедури, информираа денеска од Агенцијата за цивилно воздухопловство.
Од АЦВ истакнуваат дека работат согласно европските стандарди и оти се под директна контрола на европските организации.