ФОТО: Наумоски вети изградба на кружен тек на сред село во Волково

Од:

Вечерва Сојзуот за иднината оддржа мини митинг во Волково, пред присутните се обратија носителот на советничката листа за Ѓорче Петров, Бранко Трајчевски и кандидатот за градоначалник Александар Наумоски.

Во својот говор, Наумоски истакна дека откако ќе победи, веднаш ќе започне со ревизија на проектот за канализацијата и потоа преку трипартитен договор помеѓу граѓаните, општината и ЈП Водовод и Канализација ќе обезбеди приклучок за сите жители.

slika miting volkovo 2

Вети и дека ќе започне со изградба на кружен тек на сред село во Волково.

Наумоски вети дека веднаш ќе ја направи потребната инфраструктурата за да заживее индустриската зона покрај обиколница. Тој додаде и дека веќе имал средба со неколку инвеститори кои биле подготвени да инвестираат во индустриската зона. Воедно вети дека и ќе ги поддржи сите идеи за отворање на мали и средни претпријатија.

slika miting volkovo 1