Српскиот „Блиц“ објави анализа на Комората за бизнис на Србија, во која се вели дека пилешкото кое тие го увезуваат од Македонија, е всушност увезено од Бразил, „каде живината се храни со генетски модифицирана храна“.
„Македонците увезуваат месо од светот, но не би смееле да го извезуваат. Тоа никој не може да го контролира, а кај нас нема увозна царина и месото е поефтино. Народот, во криза, одбира по цена“, вели сопственикот на месната индустрија „Матијевиќ“, Петар Матијевиќ за „Блиц“.
Според анализата, Македонија извезува повеќе отколку што може да произведе, па затоа е сомнително од каде доаѓа месото.