Сојузот за иднината денеска обелодени изборен скандал и обид на власта за класичен фалсификат на изборите. Игор Ивановски посочи дека на улицата Васил Ѓоргов бр 24 во Капиштец во стан 27 живеат 27 лица за кои се сомневаат дека се од Мала Преспа. Овие лица до сега не фигурирале на ниту еден избирачки список. На улица Максим Горки влез 1 стан 2 евидентирани се 60 лица. Анкетата која што ја направиле покажаа дека се работи или за непостоечки или за напуштени станови, дури и сопствениците сами се чудат кои се тие лица кои се доселиле на нивните адреси.
Станари од една адреса признале дека се од Мала Преспа и дека по гласањето во недела си заминуваат. Дел од становите се и во сопственот на јавното претпријатие за стопанисување со стамбен и деловен простор. За овој скандал и фалсификат, рече Ивановски ќе бидат известени ОБСЕ и ОДИХР и сите амбасади, и ќе бараат нивно мониторирање на местата каде што треба да гласаат овие фантомски гласачи. Ивановски најави, како што рече чуварите на победата, ќе ги чекаат овие фантомски гласачи да излезат во недела.
„Ќе поднесеме кривична пријава против Гордана Јанкуловска. Ова е последно предупредување за ВМРО-ДПМНЕ да не се обидат да направат дрска измама. СДСМ ќе ги превезме сите механизми за да ја зпречи изборната измама“, рече Игор Ивановски. Посочи дека вакви фалсификати и обиди за фалсификат се забелешжани во Ресен, а сега најеклатантен е примерот со Центар каде што се регистрирани 345 фантомски гласачи.
Катерина Цаневска Арсовска