Заев и’ честита на новата премиерка на Финска

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, со објава на својот „Твитер“ профил и честиташе на новата премиерка на Финска.

„Со нетрпение очекувам да соработуваме со неа и уште повеќе да ги зајакнеме односите помеѓу Финска и Македонија. СДУМ и СДП имаат голема соработка како сестрински партии и ние сме горди што СДП го потврдува својот стабилен статус во прогресивната политика.“, напиша Заев.