Златна зора: Сириза ја распродава грчка Македонија

Од:

Сириза прави се за да промовира антигрчки идеи за продажба на нашата Македонија, реагира неофашистичката Златна Зора на соопштението на опозициската Сириза по оштетувањето на гробовите на грчки војници од Првата светска војна во Валандово.

Сириза во реакцијата по инцидентот, меѓу другото, соопшти дека „национализмот и омразата не се одговор на проблемите на народите во регионот“, и оти „ваквите инциденти не придонесуваат за мирен соживот и решавање на проблемите меѓу двете земји“.

„Очигледно е дека треба да се забрза решавањето на проблемот со името на нашиот сосед врз основа на сложено име со географска одредница за сите употреби, со цел двата народa да побараат и да создадт заеднички пат на мир и култура“ стои во соопштението до Сириза.

За Златна зора, ваквите ставови на Сириза се „одвратни изјави“.

„Продадените медиуми сакаат Сириза да остане недопирлива, да ја формира следната левичарска влада која ќе продолжи да ја распродава нашата татковина. Грците мора да заземат јасен став. Или се со предавници, или со националисти“, се вели во реакцијата на неофашистичката Златна зора.