(ВИДЕО) Црвенковски: Време е на ова лудило да ставиме крај!

Од:

Пред штипјани вечерва се обрати и лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Вие отпораши, рече, покажавте дека македонскиот народ може многу да издржи, но не може никој да го покори. Се надмина стравот, за да се победи злото надвиснато над нашата земја.

„Отпорот продолжува, одиме до крај, до конечна победа. Оваа тиранија мора да се порази. Овие 7 преродбенички години, станаа време-невреме. Тоа што некогаш беше за срамење денес е за гордеење, тоа што беше криминал денес е доблест.Државата се третира како приватна сопственост“, рече Црвенковски.

Македонија, посочи е земја во пропаѓање.

„Или брзо ќе се случи пресврт или ќе ја поминеме црвената линија, по која враќање нема. Македонија мора да го победи генералниот курс. Но тоа треба сите ние да го направиме, прво на локалните а потоа и на предвремените парламентарни избори. Вашиот глас на 24.март, ќе се брои два пати,првиот за победа на локалната власт .

– Со вториот глас имаме шанса да им наплатиме за 7-те години притисоци, заплашувања, газења. МТВ и другите приватни медиуми ги направија пералници на мозоци. Заслужуваат дури ни утре на Прочка да не им биде простено. Само од нас зависи каква ќе биде иднината. Време е на ова лудило да ставиме крај. Не е оваа Македонија на Никола Груевски единствената, понижена и закопана. Ајде да покажеме дека има и демократска, правдољубива Македонија. Тоа е вистинската Македонија. Победата е пред вас, победата доаѓа“, рече пред штипјани, Бранко Црвенковски.

branko-stip-16-031 branko-stip-16-032 stip-16-031 stip-16-03