Консултации во Кабинетот на претседателот за комисијата за настаните од „црниот понеделник“

Од:

На покана на генералниот секретар на Кабинетот на претседателот на Република Македонија, Борис Јосифовски, денеска се одржа средба на генералните секретари на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Божиновски и на СДСМ Андреј Петров.

На средбата, како што информираат од Кабинетот на претседателот, се разговарало за досегашните активности во насока на формирање на експертска комисија, согласно договореното. Консултациите продолжуваат утре во истиот формат.

Сето ова се случува откако претседателот на СДСМ Бранко Црвенковски денеска го потсети претседателот со писмо, дека треба да ја формира комисијата.