Известувачите на ЕУ за Западен Балкан и за Македонија се сретнаа со Ахмети и Тачи

Од:

Известувачите на ЕУ за Западен Балкан, Џонас Џонсон и за Македонија, Теркел Петерсен попладнево остварија одвоени средби со претседателите на ДУИ, Али Ахмети и на ДПА, Мендух Тачи во нивните партиски седишта во Тетово.

Ахмети, Џонсон и Петерсен, соопшти ДУИ, разговарале за изборите, за актуелната состојба во земјата, парашањето за името и интегративниот процес на Македонија во ЕУ.

ДУИ се ангажира за одвивање на демократска кампања во согласнот со европските стандарди како и мирен и демократски изборен процес и покрај незаконската одлука на ДИК и Управниот суд околу повлекувањето на листите за советници од страна на ВМРО-ДПМНЕ и предлагањето на заеднички листи на ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ, се вели во соопштението на ДУИ.

Гостите од Брисел, се посочува во соопштението, нагласиле дека декемвриските заклучоци и овозможиле на Македонија ветувачка европска агенда што сериозно била нарушена со настанаите во декември и политичките недорабирања потоа.

– Претседателот Ахмети нагласи дека нарушениот имиџ на земјата во очите на нашите меѓународни пријатели треба да се поправи што поскоро со целосно фокусирање на европската агенда што вклучува решавање на прашањето со името, добрососедски односи како и реформи. Мирнии демократски избори, исто така се предулсов за позитивен Европски извештај. Соговорниците се согласија дека иднината на Македонија се гради само врз развивањето на здрави меѓуетнички односи и со целосно почитување на Охридскиот договор, се вели во соопштението од ДУИ.

Тачи, пак, како што соопшти ДПА, со известувачите на ЕУ разговарал за локалните избори 2013, изборниот процес и други теми од взаемен интерес.

– ЕУ известувачите Џонсон и Петерсен изразија став дека Македонија треба да покаже дека има капацитет и може да организира слободни, фер и демократски избори. Од друга страна, лидерот на ДПА Мендух Тачи го изрази ставот дека Владата како главен носител на одговорноста за организирање на изборите треба да се посвети во оваа насока, со цел да докаже дека има расположение за да им овозможи на сите политички фактори учесници во овие локални избори, фер и еднаква конкуренција, стои во соопштението на ДПА.