Битола е град со долга спортска традиција, град кој се гордеел со спортските успеси на своите клубови, со постигнатите резултати на европски и светски натпревари, рече Менде Диневски, кандидат за градоначалник од редовите на Сојузот за иднината.
Но за жал денес не е така. Изминатите 8 години, локалната власта предводена од ДПМНЕ и Талески, со инсталација на партиски наместо стручни кадри во управите на клубовите ги фрли на колена нашите спортски гордости, кои наместо да се борат за излез во Европа, се борат за опстанок во македонските лиги.
Заради негрижата на локалната и централната власт на ДПМНЕ, спортските објекти се уништени и нема елементарни услови за развој на спортот во Битола.
Ние како идна локална власт, покрај редица мерки предвидени во нашата програма за спорт, јавно се обврзуваме дека ќе извршиме реконструкција на стадионот Тумбе Кафе по стандардите на ФИФА и УЕФА со што конечно и во Битола ќе можеме да организираме меѓународни натпревари, спортот повторно ќе биде гордост на Битола, бидејќи битолчани го заслужуваат тоа.