Во најновиот извештај на Транспарентност Македонија се вели дека во Република Македонија нема услови за одржување на фер и демократски избори.
Ако се согласиме дека репер за одржување фер и демократски избори не е единствено прашањето дали имало пукање, уривање и човечки жртви, туку и на кој начин се спроведуваат сите останати законски предуслови, особено оние кои се однесуваат на финансирањето на изборните кампањи, еднаквиот пристап до медиумите, незлоупотребувањето на службената положба, пречистениот избирачки список итн, ќе заклучиме дека денес во РМ нема услови за одржување на фер и демократски избори, стои во месечниот извештај на ТМ.
Од таму известуваат дека масовната корупција на избиралите се случува како по правило и таа има различни начини и форми.
Од Транспарентност Македонија го критикуваат и непродуктивното трошење пари од страна на Државата.
Загрижува фактот што во ваквото неодговорно однесување предничи токму Владата на РМ, која според законските надлежности е најодговорна за наменско, законско и транспарентно трошење на овие средства, се вели во извештајот.