Заедно со Јани Макрадули, нашиот иден градоначалник на Скопје, со кој се гордеам дека сум соборец, ќе го направиме мостот од Карпош кон Ѓорче Петров и ќе ги поврземе овие две општини, порача кандидатот за градоначалник од СДСМ за општина Карпош на денешната промоција на кандидатите за градоначалници за скопските општини од „Сојузот за иднината“ во Универзалата сала во Скопје.
Ова е време за луѓе што знаат да се одважат, за храбри луѓе, за да ги менуваме работите во нашата држава. Најважен проект е гасификацијата на нашите општини, нешто што ќе го подобри животот на граѓаните, нов пензионерски дом, неколку детски градинки, катни гаражи, да мислиме и на младите и да ги вработуваме – додаде Петров.