Дачиќ: Не прифаќаме ништо помалку од заедница на општините

Од:

Премиерот на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека Србија нема да прифати ништо помалку од тоа на Косово да се формира заедница за српските општини која ќе има извршна власт.

-Доколку не сакаат да го прифатат тој предлог, ние не можеме да прифатиме ништо под тоа. Во тој случај ќе порачаме дека ќе ги исполниме десетте барања на ЕУ од декември. Во нив заедницата не е ниту спомената. Нашиот предлог за заедница е модел со кој би можело да се решат сите отворени прашања – изјави тој.

Тој оцени дека дијалогот не значи Србија да го прифати косовскиот Устав, бидејќи во тој случај на српската заедница не и остануваат никакви ингеренции.

-Дојдовме до ситуација кога со европските партнери мора отворено да разговараме за прашања за понотамошната европска интеграција, прашања од дијалогот. Србија нема да ги промени ставовите за да на лето добие датум за почеток на приговори, но тоа не значи дека се откажуваме – изјави Дачиќ.

Кој ќе владее со светот во 2050 година?

Турскиот претседател Абдулах Гул изјави дека неговата земја во 2050 година ќе биде најсилна европска економска сила.

-Доколку ја земеме во предвид стапката на раст, веројатно Турција во претстојната деценија ќе стане една од најсилните европски економии – изјави Гул.
Според податоците на Меѓународниот монетарен фонд, Турција во 2012 година беше седма европска економија.