„Вака се бранат боите на својата партија. Ова е првиот предуслов за победата.Победуваме во Прилеп“, рече претседателот на СДСМ Прилеп, и носител на советничката листа, Илија Јованоски.
Се почнува, рече, од Прилеп, и паѓањето на оваа власт ќе започне од Прилеп.
„Наша цел е да се избореме за слободата и демократијата, Битката на улицата ја добивме, но ќе трае додека не ја срушиме оваа ненародна власт.Прилеп е град на невработеноста. Наместо борба против сиромаштијата власта создаде нова армија на невработени. Ристески не донесе ниту една странска инвестиција, а со парите само си правеше екскурзии. Граѓаните ќе ја казнат локалната власт која ги зголеми комуналните давачки“, рече Јованоски.