Џонсон Контролс ги продава погоните

Од:

Џонсон контролс, кој е еден од најголемите светски произедувачи на делови за автомоби размислува за продажба на погоните за производство на автомобилската електроника, јави Ројтерс.

Дали и Македонскиот оддел на Џонсон контролс влегува во овој пакет засега е непознато.

„Џонсон Контролс“ ја отвори првата фабрика во Бунарџик пред 5 години. Во неа се произведуваат компоненти за инструмент-табли за автомобили.

Вториот погон во Штип е речиси завршен. Овде ќе се произведуваат навлаки за автомобили.

Корпорацијата оперира во 150 држави и остварува глобална годишна продажба од над 40 милијарди долари. Има 160.000 вработени на 1.300 локации.