Видео: Делфин и куче во „голема” љубов!

Од:

Сосема доволен доказ, дека љубовта не познава граници е ова видео на „One world, one ocean” во кое делфин се обидува да „бакне“ куче.

Кафеното кученце кое е сместено во бродче на спасувачи, се навалува кон морето додека делфинот се обидува да го „бакне“.

Делфинот кој потоа се одалечува од бродот, отскокнува во морето, и со она што океанографите го препознаваат како скок со кој делфините покажуваат радост, најверојатно ја покажува својата среќа од пронаоѓањето на својата „голема љубов“.

Видео клипот кој трае едвај 22 секунди стана огромен хит на youtube со преку 10 илјади гледања за само два дена.

Спасувачите, како и многумина сметале дека делфинот и кучката се одличен пар, па од тогаш постојано го носеле кафеното куче на прошетка по воденото пространство лоцирано близу Бахамите, за да ужива во својата љубов со делфинот.