Присуството на западните земји во Заливот ја подгреваат регионалната напнатост, изјави денеска шефот на ирачката дипломатија Мохамед Ал-Хаким.
„Државите од Заливот заеднички можат да го обезбедат минувањето на бродовите“, напиша тој на својот налог на Твитер.
-Ирак настојува да ги ублажи тензиите преку смирени преговори, а присуството на странските сили во Заливот само ги зголемува тензиите, изјави Ал-Хаким, пренесуваат британските медиуми