Ветеринарниот факултет со потврда за антракс, нема заболени меѓу нивните вработени

Од:

Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје потврди за позитивен резултат на антракс и информира дека се преземаат сите потребни мерки за превенција и се постапува високо стручно по најсовремени безбедносни протоколи. Согласно законските прописи, Факултетот ги известил Агенцијата за храна и ветеринарство, Министерството за здравство, Државниот здравствен и санитарен инспекторат и Центарот за јавно здравје – Скопје.

-Факултетот во консултација со Универзитетската клиника за инфективни болести и по нивна препорака, а согласно утврдените протоколи за профилактички третман во случај на потенцијална изложеност на антракс, кај вработените кои биле изложени на контакт со мострата е индицирана профилакса, стои во соопштението.

Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, како што наведуваат во соопштението, нема вработени лица заболени од антракс.

Би можело да ве интересира

Атанасов: Да не се прави сензација од антраксот, болеста не е нова и е под контрола

А1он

АХВ: Преземени сите неопходни мерки во одгледувалиштето во Кичевско, нови случаи на антракс нема

А1он

Пентагон: 51 лабораторија во 17 сојузни и три странски држави добиле примероци на жив антракс

Ана Ололовска

Во САД се води истрага дали е внесен антракс во Пентагон

Ана Ололовска

Откриен уште еден случај на антракс во Унгарија

Ана Ололовска

Бројот на лица изложени антракс во САД зголемен на 86

Ана Ололовска