Тука сме денес, на 18 години од оваа голема трагедија, којашто се случи тука, на Карпалак. Да изразиме почит кон хероите, кон оние коишто ги положиле своите животи за да ја одбранат Република Македонија, да ги одбранат нејзината самостојност и територијална целовитост, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.
„Нив им должиме многу, практично им ја должиме оваа слобода што ја имаме денес. И најмалку што можеме да направиме е да се поклонуваме и вечно да го имаме нивниот спомен.
За нивните семејства тоа е вечен непробол, за Македонија тие се херои. Такви беа, се и ќе продолжат да бидат. Како и сите други коишто го положија животот во 2001 година, сите оние коишто беа повредени и сите коишто учествуваа во тој воен конфликт.
Мора да го чуваме споменот и мора да ја чуваме унитарна и целовита Македонија, затоа што за тоа се бореа овие луѓе. За жал, гледаме дека во изминатиов период Македонија е нападната, но со нивниот аманет, мора да продолжиме да се бориме и да ја чуваме државата“, додаде Николовски.