Шест македонски менаџери ќе имаат можност да добијат стипендии за курсеви на Шулик школата за бизнис и посета на канадски компании. Стипендиите ги доделува организацијата Македонија 2025, а крајниот рок за пријавување на заинтересираните е 15 март.
Шулик Едукативниот центар е дел од Јорк Универзитетот од Торонто, рангиран меѓу топ 10-те светски бизнис школи според Фјаненшел Тајмс, Форбс магазинот, Бизнисвик, Волстрит журнал и Економист.
Предавачи на школата се и менаџери и професори, секој од нив истакнат лидер и иноватор во своето поле. Развојот на извршните директори е заснован на принципот „токму-кога-треба“ учење, фокусирано, практично и веднаш апликативно во однос на моменталните задачи.
Стипендијата е во износ од 12.000-15.000 канадски долари, и се состои од можност за посета на пет курса, кои стипендистот би ги избрал од 120 и повеќе курсеви чии содржини се апликативни за сите индустрии и сектори. Наменети се за извршни менаџери од Македонија, кои имаат минимум универзитетско образование и петгодишно работно искуство, пожелно од извозно-ориентирани компании или владини институции.