Претседателот на косовската партија ААК, Рамуш Харадинај денеска ќе престојува во Македонија по повод отворањето седиштето на ДПА во Скопје, пренесе Плусинфо.
Харадинај во придружба на лидерот на ДПА Мендух Тачи ќе учествува на отворањето на изборниот штаб на партијата во општина Чаир. Тој неодамна беше прикажан на повеќе конвенции и на политичките промоции на ДПА.