Најмалку седум лица се повредени од огнено оружје рано утринава во Чикаго, откако непознато лице почнало да пука во близина на игралиште од западната страна на градот.
Пукањето се случило околу 1:20 часот по полноќ во паркот Даглас, а властите соопштиле дека некој пукал од возило директно кон улицата каде што имало луѓе.
Повредените се на возраст од 19 до 25 години. Три жени, на возраст од 19, 22 и 25 години, биле пренесени во болница и се стабилни. Дваесетгодишен маж е однесен во болница и се наоѓа во стабилна состојба, додека друг, на возраст од 21 година е однесен во болница и е во критична состојба.
За неколку часа ова е трет вооружен напад во САД. Напаѓач во Дејтон, Охајо, со автоматска пушка застрела девет, а рани најмалку 26 луѓе, а неколку часа претходно во Тексас беа убиени 20, а ранети 26 лица.