Меѓу убиените во вооружениот напад во американскиот град Дејтон што го изврши 24-годишниот Конор Бетс, била и неговата сестра, пренесуваат американските медиуми. Тој за помалку од една минута убил деветмина и повредил уште 16 други кога влегол во кафуле во Дејтон, Охајо, и почнал да пука кон присутните, меѓу кои била и неговата сестра.
Во моментот на лице место имало полиција која успеала да го совлада и убие напаѓачот за само една минута, но дотогаш веќе имало повеќе настрадани.
„Се гледаа само тела кои почнуваат да паѓаат на земја, едно по друго. Тогаш знаевме дека станува збор за нешто многу сериозно. Убиецот беше белец, облечен во црно, со покриено лице и наоружан“, изјавил очевидец на настанот за Ен-би-си њуз.
Полицијата подоцна го идентификувала напаѓачот како 24-годишниот Конор Бенет.
Само 13 часа претходно, вооружен напад се случи и во Ел Пасо, Тексас, кога беа убиени 20 луѓе во продавницата „Волмарт“ од страна на 21-годишниот Патрик Крузиус, кој беше уапсен во предградие на Далас, околу 1.000 километри источно од Ел Пасо. За Крузиус постојат сомневања дека пред нападот тој објавил расистички манифест.
Американскиот претседател Доналд Трамп ги нарече крвавите напади „кукавички чин“, но критичарите сериозно му се спротивставија велејќи дека неговиот обичај да зборува со навредлив тон за имигрантите носи омраза и ги охрабрува надморалистичките размислувања кои поттикнуваат насилство.