(ВИДЕО) Црвенковски: Предвремени парламентарни избори ќе има, одиме на победа

Од:

Почитувани сопартијци, драги пријатели, на локални избори ќе одиме, предвремени парламентарни избори ќе има. Денешниот договор, за кој гарантор е Европската унија, покажа дека тогаш кога сме доследни и упорни, кога сме цврсти, кога сме заедно, кога сме сплотени, и што е најважно, кога правдата и вистината се на наша страна, се може да се постигне.

-Веднаш по локалните избори почнуваат преговорите за предвремени парламентрани избори, рече Црвенковски.

Ова е првата изјава на лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, по постигнувањето на денешниот договор за замена на бојкотот со предвремени избори.

Почитувани граѓани, ви благодарам на поддршката што ни ја дававте и што ни ја давате. Оваа битка ја почнавме заедно, оваа битка ќе ја продолжиме заедно, се до крај, до конечната победа! – порачува лидерот на социјалдемократите.