[staff name=”Елена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Толпа граѓани на крстосницата кај спортската сала во Куманово, околу 16 часот отворено ја прослави одлуката на опозицијата за учество на претстојните изборите.
Бројни членови, симпатизери и граѓани радувајќи се и прославувајќи, со голем аплауз го поздравија градоначалникот Зоран Дамјановски.
-Секогаш повикувавме на дијалог, дијалог и само дијалог. Македонија се наоѓа во голема политичка криза и ова денес што се случи е доказ дека државата има капацитет да се справи со сите проблеми кои се јавуваат. Дијалогот покажа дека СДСМ и Сојузот за иднината имаат капацитет да ги препознаат поголемите интереси, од личните. Ова што ние го дозволивме е резултат на нашиот врвен приоритет, враќање на демократијата и се надевам дека партнерите од другата страна ќе ги почитуваат сите услови постигнати со меѓународните посредници и дека Македонија конечно ќе излезе од политичката дупка, од ова црнило во кое се наоѓа – изјави Дамјановски.
Пратеникот Оливер Спасовски истакна дека Куманово и Македонија имаат причина да се радуваат, бидејќи СДСМ се бори за интересите на граѓаните.
-Имавме 60 дена отпор, против оваа ненародна власт. Излегуваме сите на локални избори, каде што ќе го победиме овој ненароден режим и тогаш ќе обезбедиме датум за вонредните парламентарни избори, на кои што Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе заминат во историја – истакна Спасовски.
Фото „Хроника“