Жената која застана пред Груевски

Од:

Анита Симонова е жената која што храбро му пријде и му ја раскажа својата голгота на премиерот Никола Груевски при неговата вчерашна посетата на поплавената населба во Свети Николе.

Вели дека не направила ништо посебно, туку не знаела каде веќе да се обрати за својата мака – објави Телма Телевизија.

Симонова за телевизија изјавила дека е револтирана што трет ден немаат помош при расчистувањето на штетите од поплавата на реката Мавровица а во исто време нејзиното четиричлено семејство по 18 години поминати под кирија, конечно пред 9 месеци се всели во нова куќа, но водата и калта им го уништи сонот. А биле пресреќни што имаат за пристоен македонски крпен живот.

Денеска Симонова и нејзиното семејство биле затекнати како ја чистат куќата и оспособуваат барем една соба за нормален живот.