Сојузот за иднината е задоволен од исходот на преговорите за надминување на политичката криза во Македонија, а партиите во владејачката коалиција засега не го коментираат постигнатиот договор, објави Дојче веле.
Генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров, вели дека атмосферата била нервозна, а разговорите со врвот на опозицијата траеле речиси три часа.
Крајниот договор беше постигнат на средбата кај претседателот Иванов. Добро е што власта се согласи за договор за датум за предвремени парламентарни избори. Фактички договоривме „датум за датум“, што значи дека ќе учествуваме на локалните избори и не се плашиме од нивниот исход. Договорот за датум за предвремени парламентарни избори треба да биде постигнат до почетокот на септември – рекол Петров за Дојче веле.