Пратениците од НДП ќе земаат цела плата

Од:

Собраниската Комисија за прашања на избори и именувања денеска усвои одлука со којашто на пратениците од НДП од 23 јануари, кога го прекинаа бојкотот, платата ќе им биде исплаќана како по верификацијата на мандатот.

Изет Зеќири и Фламуре Демири – Креци се пратениците од Националната демократска преродба, партија која ја предводи гостиварскиот градоначалник Руфи Османи и која одлучи да го прекине бојкотот по настаните на 24 декември.

Во средината на јануари беше донесена одлука пратениците кои ја бојкотираат работата на Собранието да добиваат третина од пратеничката плата.