• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Стартува летната серија трки на пет дестинации покрај вода „Beach Run 2019“

by А1он07/07/2019 - 09:5807/07/2019 - 11:29161
Share0

Со петкилометарска трка во Скопје денеска стартува серијата трки на пет дестинации покрај вода „Beach Run 2019“.

Добивај вести на вибер

Од Скопје лигата се сели со петкилометарски трки во Дојран на 14 јули и Претор на 21 јули. Потоа се трча полуматарон во Маврово на 28 јули и завршната трка на десет километри во Охрид на 3 август.

Серијата трки на плажа се во организација на здружението „Прв до врв“ во рамки на платформата „Ја трчаме Македонија“ и во нив може да учествуваат сите оние кои го сакаат трчањето и тоа на сите, неколку или една трка.

Остварениот резултат на секоја од трките носи соодветен број бодови според кои се формира табела со резултати, чиј финален изглед ќе ги даде победниците на летната лига во трчање за оваа година.

За победниците на секоја од трките и на целата лига е обезбеден паричен награден фонд во вредност од 60.000 денари. На секоја од трките, првите три места во машка и женска конкуренција освојуваат 3.000, 2.000 и 1.000 денари, информираат организаторите.

Пријавувањето за учество во Beach Run 2019 е преку веб страната на www.prvdovrv.mk.

Настанот има за цел да го популаризира активниот спортски живот и трчањето во летниот период, кога луѓето се обично на одмор и на плажа.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен