Китев порача до граѓаните да ги бојкотираат изборите

Од:

Бетиан Китев кој требаше да биде кандидат за градоначалник на Сојузот за иднината во Кавадари, потврди дека нема да учествува на претстојните локални избори и дека ќе ја почитува одлуката на опозицијата, објави Дума.мк.

Во партијата во моментов нема атмосфера каква што сака да прикаже ВМРО-ДПМНЕ. Затоа на конвенцијата во Куманово кажавме дека се работи за бетон партија. Само еден од кандидатите на опозицијата се истрча и објави кандидатура. Тврдам, тоа нема да се случи со никој друг зашто во опозицијата има единство. Ако партијата дефинитивно реши да ги бојкотира изборите, ќе имам најмалку шест пати повеќе мотив да ги убедувам граѓаните да не излегуваат на избори – вели Китев.

Тој додава дека, за излез од оваа политичка криза единствено решение се предвремени и фер парламентарни избори за да народот докаже во кој правец треба да се движи Македонија.