Владата на итна седница ги изготви и ги достави до Законодавниот дом измените и дополнувањата на Изборниот законик.
Со нив се определува нов дополнителен рок до 3 март за поднесување листи за кандидати за членови на Совет, односно за градоначалнички кандидатури за локалните избори на 24 март.
Потребата од измените ја образложи министерот за правда Блерим Беџети.
„Настојуваме да им овозможиме на сите да имаат право да учествуваат на локалните избори. И ова начело, поточно овие измени во Изборниот законик, ќе им овозможи на сите политички партии дополнителен рок до 3 март на полноќ да ги поднесат кандидатурите за градоначалници и листите за совети на општините“, рече Беџети.
Измените би важеле само за локалните избори.
Беким Фазлиу од ДПА побара измените да им се достават на албански јазик.
Неџат Јакупи, од име на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, рече дека измените во изборниот законик ќе бидат поддржани од нивната партија и уште еднаш ги повика опозиционерите да учествуваат на претстојните локални избори.
Измените би важеле само за локалните избори, а седницата по комисиската расправа ќе продолжи во 17 часот и 30 минути.