А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Меѓународен притисок врз Груевски: Прифатете го предлогот на Црвенковски

by А1он26/02/2013 - 16:26179
Share0

Според порталот Скај, владејачката партија и нејзиниот претседател премиерот Никола Груевски имаат силен притисок од меѓународната заедница.

Добивај вести на вибер

Меѓународни претставници сметале дека предлогот на Бранко Црвенковски, за одржување на фер и демократски локални избори согласно прописите на ОБСЕ и предвремени парламентарни избори доколку опозицијата освои еден глас повеќе на советнички листи биле сосема разумни барања на една опозиција која била претепана и избркана од собранието.

Дипломатите, според сознанија на Скај, ги потсетиле во ВМРО ДПМНЕ и ДУИ дека тие ветиле промена на името во текот на пролетта, а воедно и одржување на политички дијалог внатре во земјата.

Меѓународната заедница деновиве застанала целосно зад ставовите кои ги прокламира Здружената опозиција, и тоа им е соопштено на ДУИ и ВМРО. Без опозиција локалните избори ќе бидат прогласени за нелигитимни, деновиве потсетија и од ОБСЕ.

Дипломати, за Скај, велат дека провладините медиуми не и’ помагаат на Македонија со кампањата која ја туркаат против СДСМ и Бранко Црвенковски. Штетата, на крај ќе биде кај владејачката партија велат дипломати во неформален разговор за Скај.

– Ако сакаат ДПМНЕ опозицијата да излезе на избори, треба да обезбедат фер игра, не само во трката за избори, туку и во медиумската битка, бидејќи гледаме деновие како се шират лаги, шпекулации, провладините медиуми смислуваат непостоечки изјави на опозиционери. Ова е непотребно, ова е нелогично и не баш нормално , велат дипломатите.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен