Заменик Евро Амбасадорот во Македонија Робин Лидл е оптимист дека ќе дојде до разрешување на политичката криза во Македонија, но вели дека решението не е во негови раце туку во политичките актери во Македонија. Тој имаше средба со градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.
„Јас сум оптимист исто како и градоначалникот на Охрид. Сите колеги од Брисел кои работат на овој случај се надеваме дека ќе има воља да се случи тоа и дека повторно ќе продолжи политичкиот дијалог. Но решението не е во мои раце“, рече Лидл.
На прашањето дали очекува дека опозицијата ќе се врати во парламентот и ќе оди на избори Лидл со одговор:
„Тоа опозиционите партии самите треба да го кажат. Штефан Филе и Санино одржуваат постојани контакти со сите и сите eврокомесари кои дошле овде. И тоа не е притисок туку само охрабрување да се реши политичката ситуација и да се одржат избори. Јас сум оптимист дека тоа ќе се случи“, рече Лидл.