На политичката конвенција во Куманово се обрати и лидерот на НСДП Тито Петковски, кој побара никогаш да не се заборави 24. декември, кога брутално беа исфрлени пратениците и новинарите, а власта ги награди полицајците кои го правеа тоа.
Петковски кажа дека оној што ја води државата мора прво на државата да мисли.
Никола груевска инсталираше партиско полициска држава. Него не го интересираат ни локални ни партиски избори, го интересира само богатењето. Такви демагози и преваранти никогаш не ја воделе Македонија. Немојте да наседнувате назад нема. Овој диктатор посакува и ја води Македонија назад, тоа што тој го прави уценувајќи ги граѓаните да излезат на гласање го има само во тоталитарните режими, рече Петковски.