(ВИДЕО) СДСМ Ресен: Не ни требаше наредба од централното раководство за ваше исклучување

Од:

ОО на СДСМ Ресен ги демантира изјавите на независниот кандидат за градоначалник Димитар Бузлевски по однос на Одлуката на ИО на ОО СДСМ Ресен за исклучување на девет членови.

Г-не Бузлевски, со оглед на тоа дека до скоро бевте член на СДСМ, а и висок функционер кога СДСМ беше на власт, сигурни сме дека го знаете Статутот на СДСМ и добро знаете дека е строго испочитуван при донесувањето на Одлуката за исклучување на деветте членови на ОО на СДСМ Ресен, кои се најдоа на вашата советничка листа. А што се однесува пак до кворумот на седницата на ИО, или погрешно ве информирале (можеби некој не знаел да брои), или намерно зборувате невистини (можеби во функција на предстојните локални избори).

Статутот на СДСМ јасно го дефинира престанокот на членство.

Почитувани бивши членови на ОО на СДСМ Ресен, нам не ни требаше наредба од централното раководство за вашето исклучување, наредбата ја добивме од вас — вие сами се исклучивте. Ние во ИО на ОО на СДСМ Ресен, едногласно само го потврдивме вашето заминување на советничката листа на независниот кандидат за градоначалник.