Димитров: Груевски работеше за „Мултигруп“

Од:

Премиерот на Република Македонија Никола Груевски работел во македонскиот огранок на „Мултигруп”, изјави шефот на НИМ, Божидар Димитров, а пренесува бугарски Блиц.

Според Димитров, најверојатно во архивите на бугарските тајни служби има интересни податоци за него. Ако „Мултигруп” била набљудувана од бугарските служби, во секој случај има податоци, додава историчарот.

Владата до трето колено е пополнета по роднинска линија. Вицепремиерот Зоран Ставревски му е кум, шефот на службите Мијалков му е братучед, пише бугарски Блиц.

Screenshot_2

Груевски управува недемократски. 13 земји, меѓу кои Франција и Германија, гласаа против почеток на преговорите во ЕУ со Македонија токму заради недемократските навики.

Малку познато е дека тој ги протера опозициските пратеници со полиција, додава Божидар Димитров.

Тој се ужасува од тоа дека бугарската политичка елита не го препознава проблемот со Македонија и проблемите кои можат да произлезат.