Сојузот за иднината на конвенција во Куманово ќе ги објави идните активности

Од:

Опозицискиот „Сојуз за иднината“ утре во Куманово ќе одржи политичка конвенција на која ќе ги објави идните активности во пресрет на локалните избори.

Пратеникот Оливер Спасовски денеска на прес-конференција информира дека поради големиот интерес конвенцијата ќе се одржи во спортската сала во Куманово наместо како што беше првично предвидено во Домот на културата.

– Наша примарна цел е да им објасниме на граѓаните зошто пружањето отпор е неминовност за државата да излезе од длабоката политичка криза и да се придвижи во вистинска насока. На 24 март граѓаните ќе бидат исправени пред досега најважниот предизвик, со својот избор да не учествуваат на вакви локални избори, рече Спасовски.

Најави дека од следната недела продолжуваат со различни форми на протест.