Поставен споменик на „Кузман Јосифовски Питу“ во Козле

Од:

Во населбата Козле во општина Карпош, денеска беше поставен споменик на народниот херој „Кузман Јосифовски Питу“. Автор на споменикот, кој е излеан во бронза е академскиот скулптор Сашо Поповски.

Споменикот, соопшти општина Карпош, е поставен во непосредна близина на местото на неговото погубување кое се случи на 25 февруари 1944 од страна на бугарски војник. Споменикот, кој со сопствени средства го градеше општина Карпош, има висина од 3,5 метри.

Инаку, споменикот е изработен од најквалитетни материјали и е излеан во РЖ „Институти“ во Скопје. Неговото свечено откривање ќе биде на 25 февруари, на денот на неговото загинување.