Околу 20 часот, во Скопје на булеварот Партизански Одреди на автобуска постојка во населбата Влае, група млади лица го каменувале автобусот со број 2, што сообраќал кон населбата Ѓорче Петров.
Камењата искршиле странични стакла од автобусот, а според полицијата повредени патници нема. Полицијата ги бара насилниците.