Црква Св. четириесет маченици Младенци во спомен на убиените кај Смиљковско Езеро

Од:

Кај Смилковското езеро, на местото викано Кршиколе или Крст, денеска беше поставен и осветен камен-темелник на црквата „Светите четириесет маченици – Младенци“ што ќе се гради во траен спомен на Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски и Борче Стефковски, кои беа убиени на 13 април минатата година, на Велики четврток.

Во присуство на роднини на убиeните, благослов за изградба на црквата даде поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан.

Изградбата на храмот ја иницираа месните заедници Стајковци, Смилковци, Црешево и Виниче во општина Гази Баба.

Црквата во основата ќе биде 150 м2 со уреден парк од 6.000 м2, а околу неа ќе има камбанарија, голем крст, пет видиковци и пет бора во спомен на убиените. Проектот е изработен од градежната фирма Жикол.