Ѓорчев: Куќата е на сопругата

Од:

Влатко Ѓорчев, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ до медиумите испрати писмена реакција насочена кон како што вели „изнесените невистини и манипулации од страна на СДСМ“ за неговиот имот, за кој денеска социјалдемократите јавно го прашаа дали тој ѝ припаѓа на „портокаловата буржоазија“.

Во реакцијата на Ѓорчев се вели дека информацијата за неговиот имот е јавно достапна и пријавена пред надлежните институции.

„СДСМ иако знае дека нема никаков случај во купувањето на куќата, сепак шири лаги од политички мотиви. Во повеќе наврати имам кажано дека мојата сопруга, која по потекло е од САД, доби наследство од почината баба, што е евидентирано од надлежните органи и во САД и во Република Македонија. Мојот имот и имотот на мојата сопруга во САД е јавно пријавен. Постои јасно потекло на средствата, а целата постапка е целосно транспарентна“, пишува Ѓорчев во својата писмена реакција.