А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Галена Николовска-Ризвановиќ
Македонија

Забранетата книга на Андов ќе може слободно да се продава

by Галена Николовска-Ризвановиќ15/05/2019 - 14:1715/05/2019 - 14:19646
Share0

Книгата со наслов „Атентатот и по него“ чиј автор е Стојан Андов, ќе може слободно да се продава. Апелацискиот суд Скопје ја укина забраната за продажба на книгата, со што се поништува одлуката на Основниот суд Скопје 2 , кој на 21 март годинава донесе одлука за времена мерка – забрана за продажба на книгата , поради тужбата на поранешниот министер за внатрешни Љубомир Фрчкоски. Фрчкоски го тужеше Андов за клевета , бидејќи во книгата имплицирал на вмешаност на поранешниот министер за внатрешни работи во атентатот на претседателот Киро Глигоров.

Добивај вести на вибер

Андов во книгата споделува повеќе сеќавања и дијалози од времето кога бил претседател на Собранието, а во еден дел пишува за денот на атентатот врз Глигоров, дека по само неколку минути откако бил известен што се случило, отишол да го посети претседателот во болница.

„Ми привлече внимание што за време на нашиот разговор ми се јави Слободан Милошевиќ. Стојане што се случува со Глигоров таму кај вас? Му кажав дека Глигоров е жртва на големо злосторство, но првите оцени на нашите лекари се дека ќе може да се спаси. Ме праша дали може да помогне… Ми падна во очи што на оваа наша средба не е министерот за внтарешни работи Фрчкоски. Го прашав Бранко каде е Фрчкоски? Тој ми рече дека не знае точно каде е, но некој му кажал дека министерот заминал накај Крива Паланка. Невозможна и многу сомнителна работа“, пишува Андов во книгата.

Г.Н.Р

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен