А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Дваесет и шест случаи на легионерска болест во Куманово

by А1он20/02/2013 - 15:3980
Share0

Дваесет и шест случаи на легионерска болест се регистрирани во Куманово, информираат од Центарот за јавно здравје во тој град.

Добивај вести на вибер

Епидемиолозите велат дека извршиле истражување на терен и откриле дека нема епидемиолошка поврзаност меѓу заболените.

– Нема поврзаност меѓу заболените во однос на возраста, полот, во однос на фактот дали заеднички престојувале во простории со централно греење, дали заеднички патувале во странство…, изјави доктор Јадранка Стаменковска од Центарот за јавно здравје.

Најголем дел од процентот на заболени се жени над 45 години и се од градското подрачје, најголем дел од нив се хронично болни со намален имунитет.

Од почеткот на годината, досега, на Инфективното одделние се лекувани четири лица кои се пуштени во добра општа состојба. Од Центарот за јавно здравје информираат дека нема пациенти со тешка клиничка слика. Болеста успешно се лекува доколку навреме се дијагностицира и со специфична терапија.

Најчесто бактеријата легионела се размножува во влажни простории, климатизирани простории, простории кои користат централно греење или ладење, базени, спа центри.

FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен